23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВрсаљко се договорил со Атлетико

Врсаљко се договорил со Атлетико

врсалјко

Хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсаљко ќе ги засили редовите на Атлетико Мадрид, објави Marca. Според истиот извор, иако актуелниот клуб на Врсаљко, Сасуоло, договорил трансфер во Наполи за 16 милиони евра, Хрватот одбрал да игра за клубот од „Винсенте Калдерон“.

Шиме Врсаљко (24) е десен бек, во изминатите неколку месеци беше поврзуван и со трансфер во Барселона или Јувентус. Сепак, според шпанските медиуми, тој одбрал да го носи дресот на Атлетико, иако Саусоло го договорил трансферот во Наполи.

Стандардниот хрватски репрезентативец кариерата ја започна во Динамо Загреб, а во 2013 година се сели во Џенова, една година подоцна за 3,5 милиони евра станува дел од Саусоло.

Врсаљко на „Винсенте Калдерон“ треба да биде наследникот на Хуанфран, еден од трагичарите на Атлетико во саботното финале во Лигата на шампионите.

Покрај Врсаљко, нови играчи на Атлетико, треба да станат Нико Гаитан од Бенфика и Диего Жота од Рио Аве.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП