4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрама во Келн, Кјелце е европски шампион

Драма во Келн, Кјелце е европски шампион

раки-кјел

Ракометарите на Кјелце се новите европски владатели, откако ја освоија титулата на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кјелце, во едно од најдраматичните финалиња во историјата на Лигата на шампионите по изведувањето на седмерци го совлада Веспрем 39-38. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 29-29, а по продолженијата беше 35-35.

Завршниот меч во Лигата на шампионите понуди неверојатен пресврт, продолженија и потоа пенали, по кои Кјлеце во своето прво учество во финалето ја освои првата титула во клупската историја.

Случувањата во арената во Келн до 46-та минута воопшто не невастуваа дека до крајот ќе се случува вистинска драма. Веспрем до таа минута ги контролираше случувањата на теренот, имаше предност од 28-19, но со неколку избрзани удари и нерезонски акции му дзоволија на Кјелце до крајот серија 10-1, а продолженија избори Лијевски кој израмни на 29-29 на четири секунди до крајот на мечот.

Инаку, Кјелце можеше да обезбди триумф уште во регуларниот дел од мечот, но Алиловиќ во последните 90 секунди успеа да одбрани два седмерци (Бјелецки, Штрлек).

Веспрем го имаше моментумот и во првото продолжение, предност од еден гол и играч повеќе, со кој влезе во второто продолжение, но одново унгарскиот тим му дозволи на противникот да се врати во мечот и да стекне гол предност. Веспрем со со голот на Угалде во последната секунда се избори за седмерци.

При изведувањето на седмерците Маргуч и Терзиќ не реалзиираа за Веспрем, Шмал му одбрани пенал на Словенецот, а Шего на репрезентативецот на БиХ, додека кај Кјелце не реализираше само Чупиќ.

Рајхман со осум голови го предводеше новиот европски првак, додека Лијевски и бјелецки постигнаа по шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП