10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија го победи Азербејџан

Македонија го победи Азербејџан

македонија-азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија, во пријателски натпревар, кој во неделата се одигра во австриски Бад Ерлах, славеше над Азербејџан со 3-1 (2-0).

Македонија до победата над Азербејџан дојде со головите на Радески во 20-та, Пандев во 30-та о Нестовроски во 92-та минута, додека голот за Азербејџан го постигна Исмаилов од пенал во 73-та минута.

На овој натпревар, селекторот Ангеловски се реши да и даде шанса на неколкумина играчи од младата репрезентација, во А селекцијата дебитираа Најденов, Георгиев, Пешевски, својот прв гол за сениорите го постигна Радески, а Пандев го постигна првиот гол по враќањето во националниот тим, вкупно 27-ми во репрезентативниот дрес.

Македонија во овој период ќе одигра уште еден контролен меч, против Иран на 2.јуни во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП