18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ ја одбрани титулата

МЗТ ја одбрани титулата

мзт-мзт0мзт

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија шампионската титула во домашното првенство, откако финалната серија со Куманово ја добија со 3-1. Решавачката победа кошаркарите на МЗТ ја забележаа на теренот на противникот каде славеа со 90-88.

МЗТ ја освои петтата титула во клупската историја, со што само ја потврди петгодишната доминација во македонската кошарка.

Во крајно драматична завршница, најпрвин Протиќ погоди тројка на 15 секунди до крајот на мечот, а во последниот напад на Куманово Дреновац го блокира шутот на Мандиќ.

Инаку титулата на МЗТ ќе остане во сенка на сериозниот инцидент кој се случи во третата четвртина. Имено на четири минути до крајот на овој период, домашните навивачи започнаа да фрлаат со тврди предмети кон играчите на МЗТ, поради што тие се повлекоа од теренот.

По интервенцијата на полицијата салата беше испразнета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП