19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРепрезентацијата до 21 година победи во Украина

Репрезентацијата до 21 година победи во Украина

reprezentacija-do-21

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, забележа триумф во Киев, над Украина од 2-0, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Милевски, со оваа победа, активно се вклучија во трката за едно од првите две места во Групата 3.

Третата победа во седмиот меч им го донесе на македонските надежи третото место на табелата со 12 бодови, колку што има и вторпласираниот Исланд со натпревар помалку, додека лидер е Франција со 14 бодови од седум одиграни натпревари.

На стадионот „Валери Лобановски“ во Киев, Македонија до победата стигна со головите на Радески во 17-та и Демири во 56-та минута од натпреварот.

Наредниот квалификациски меч младите фудбалери ќе го одиграат на 2.септември во Шкотска, а потоа на 6.септември во Скопје ќе гостува Северна Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП