10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал се повлече од Ролан Гарос

Надал се повлече од Ролан Гарос

nadal-rolan

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во петокот во Париз, на вонредна прес конференција објави дека се повлекува од Ролан Гарос.

Деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, на новинарите им објасни дека поради повредата на зглобот, со која подолго време има проблеми, решил да се повлече од турнирот.

„Веќе неколку недели имам проблеми со зглобот на раката и поради тоа не можам да играм. Вчера добив инјекција против болки и така играв. Знам дека нема да бидам во состојба да го завршам турнирот. Тоа е дел од животот. Се надевам дека, во годините кои претстојат, уште многу пати ќе се враќам на Рола Гарос“, рекол Надал.

Шпанецот на овогодишното издание на турнирот беше поставен за четврти носител, а во првите две кола забележа два лесни победи против Сем Грот и Факундо Бањас. Во третото коло требаше да игра против сонародникот МарселоГранољес-Пујол.

„Ова е една од моите најтешки прес конференции во кариерата. Знам дека треба да биде направена имобилизација на зглобот, бидејќи постои шанса да доживеам фрактура доколку продолжам да играм“, заклучил Надал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП