21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Сите во кајак“ акција за промоција на кајакарството

„Сите во кајак“ акција за промоција на кајакарството

kajakkkk

Во сабота, со почеток во 10 часот, на езерцето спроти арената „Филип 2“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи првиот настан од проектот „Сите во кајак“ кој има за цел, да им овозможи на 3.000 деца, на повеќе локации во земјава, да ги направат првите чекори и да се запознаат со овој спорт.

Кампањата чии носители се Кајакарската федерација на Македонија и Кајак кану клубот „Илинден“ ќе се обиде да привлече нови членови, да создаде база и нови сили во олимписката дисциплина.

Скопскиот настан е прв во низата која во текот на летото ќе продолжи во Ресен, Дебар, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Струга, Маврово каде нашите сограѓани ќе можат да се започнаат со привлечноста на кајакарството. Тренерскиот тим, соодветната опрема, активистите едукатори ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани во терминот од 10 до 13 часот.

Пријавувањето за акцијата Сите во кајак е на апликацијата www.sitevokajak.makedonijadenes.com или на телефон 070/277-552.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП