Десниот бек на Барселона, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е најдобар на својата позиција оваа сеозна во Лигата на шампионите. За изборот за идеалниот тим својот глас на интернет страницата на ЛШ го дале над 80.000 фанови.
Кирил Лазаров, сезоната 2015/2016 во Лигата на шампионите, ја заврши како најдобар стрелец на Барселона и втор во Лигата на шампионите со 109 голови.
Инаку, Барселона нема да ја брани европската титула на завршниот турнир во Келн, кој ќе се игра во сабота и недела, бидејќи го загуби четвртфиналниот двомеч со Кил.