17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона и Бускетс ја продолжија соработката

Барселона и Бускетс ја продолжија соработката

buskets

Шпанскиот шампион Барселона го продолжи договорот со еден од клучните играчи во тимот Серхио Бускетс.

Тимот на својата официјална интернет страница соопшти дека Бускетс (27) го продолжил договорот до 2021 година. Каталонските медиуми, шпекулираат дека во новиот договор на Бускетс е вметната откупна калузула од 200 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред изминатите неколку месеци беше поврзуван зо трансфер во Манчестер Сити чиј менаџер неодамна стана неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

Бускетс е продукт на школата на Барселона, за Каталонците има одиграно 384 натпревари, на кои постигнал 12 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП