13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ја изостави Црвена ѕвезда од листата освојувачи на ЛШ

УЕФА ја изостави Црвена ѕвезда од листата освојувачи на ЛШ

crvzveda 33

Во сабота Европа ќе го добие новиот владател во клупскиот фудбал, а УЕФА ден пред финалниот меч се потсети на сите освојувачи на највредниот пехар во клупскиот фудбал од 1956 година до денес. Намерно или не, во видеото објавено на Твитер профилот на УЕФА го нема шампионот од 1991 година, Црвена ѕвезда.

Бројни замерки биле испратени до УЕФА, но грешката не е исправена, по титулата на Милан во 1990 година се појавува титулата на Барселона осовоена во 1992 година.

Прашање е дали УЕФА со ова изоставување сака да го дисциплинира белградскиот клуб чии навивачи на последните неколку натпревари жестоко протестираа против УЕФА поради приемот на Косово во оваа организација.

Црвена ѕвезда стана европски првак на 29.мај 1991 година на стадионот „Свети Никола“ во Бари. Црвена ѕвезда, во чии редови настапија двајца Македонци Илија Најдовски и Дарко Панчев, на пенали го совладаа Олимпик Марсеј со 5-4. Решавачкиот пенал го погоди Панчев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП