6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите посакуваат нов „Фајнал Фоур“ во Европската лига

Одбојкарите посакуваат нов „Фајнал Фоур“ во Европската лига

имагага

Македонската одбојкарска репрезентација, во Скопје, односно салата во Градски парк, ќе ги продолжи подготовките за настап на двата квалификациски турнир во Европската лига, преку кои ќе се обиде да избори место на завршниот турнир во оваа натпреварување, во кое изминатите две години настапуваше со голем успех, освојувајќи второ и трето место.

Македонија е сместена во група со Бугарија, Данска и Албанија, првиот турнир ќе го одигра во Варна (10-12.јуни), а на вториот ќе биде домаќин во Скопје (16-18.јуни). Во другата група се наоѓаат одбојкарските репрезентации на Естонија, Белорусија, Луксембург и Австрија.

Завршниот турнир во Европската лига ќе се одигра во Варна (1-2.јули).

„Пред нас имаме сериозни противници. Фаворит е Бугарија, не затоа што е домаќин на завршниот турнир, туку поради тоа што има одлични играчи. Данска е компактна репрезентација, долго време играат заедно, во еден тим, а подготовките ги започнаа уште во јануари. Албанија има интернационалци кои играат во Турција и Грција“, рече селекторот Жарко Ристовски.

За оваа репрезентативна кампања, селекторот не може да смета на неколку искусни одбојкари: Карановиќ, Милев и Ѓорѓески се откажаа од настапите во репрезентацијата, а Маџунков е повреден.

И покрај тоа што во Европската лига Македонија ќе настапува со подмладен состав, капитенот Никола Ѓоргиев смета дека пет победи, две на турнирот во Варна и три на турнирот во Скопје, ќе бидат доволни за Македонија да се пласира на завршниот турнир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП