29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ: Иднината е веќе напишана

Ибрахимовиќ: Иднината е веќе напишана

swe ibra 00

Златан Ибрахимовиќ, на прес конференција, на која задоцнил повеќе од еден час, рекол дека знае каде ќе настапува следната сезона. Договорот на Ибрахимовиќ со ПСЖ истекува за неколку денови, по што тој официјално ќе стане слободен играч.

Изминатите денови, откако Ван Гал доби отказ во Манчестер Јунајтед, а медиумите го прогласија Жозе Мурињо за негов наследник, новинарите шпекулираат дека Ибрахимовиќ ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

„Иднината е веќе напишана. Јас донесов одлука, не е важно дали сѐ ќе се заврши до почетокот на Европското првенство. Во истовреме уживам во она што го пишувате. Многу е забавно“, им рекол Ибрахимовиќ на новинарите во тренинг кампот на шведската репрезентација.

„Постои интерес за моите услуги од сите земји – Англија, Италија… Сите понуди се коректни, што значи дека има многу алтернативи. Во моментов не се случува ништо, сега треба да започне ЕП“, дополнил 34-годишниот Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП