28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАјнтрахт ќе плати 100.000 евра поради фановите

Ајнтрахт ќе плати 100.000 евра поради фановите

gm1e91k08in01986569843

Уште една екипа од германската Бундес лига ќе мора да плати казна поради своите непослушни симпатизери. Откако пред извесно време Баерн Минхен мораше да плати 15.000 евра поради непристојното однесување на своите навивачи и употребата на пиротехнички средства, сега на ред дојде и Ајнтрахт од Франкфурт.

Германската фудбалска федерација одлучи да го казни Ајнтрахт поради употребата на пиротехника од страна на навивачите за време на две средби од есенскиот дел од првенството. Имено станува збор за дуелот Нирберг кој се одигра во септември и на натпреварот со Фортуна Дизелдорф.

Па така благајната на тимот од Франкфурт ќе биде олеснета за дури 100.000 евра што е многу повеќе од казната што ја доби новиот шампион на Германија, Баерн Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП