30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn заменува 60.000 вработени со роботи

Foxconn заменува 60.000 вработени со роботи

foxconn_237

Масовни отпуштања и промена во моделот на производство ќе бидат превземени кај кинескиот партнер на „Apple“, „Foxconn“. Како што пишува локалниот „South China Morning Post“, во една од фабриките на компанијата во Кеншен половина од вработените ќе бидат отпуштени, бидејќи ќе бидат заменети со роботи.

Фактот дека „Foxconn“ развива планови за замена на вработените со машини, т.н. „Foxbots“, е познат од пред две години. Тогаш Тери Гу, извршениот директор на компанијата мајка „Hon Hoi Precision Industry“, најави почетокот на тестовите со роботи при подигнувањето на масовното производство на моделот „iPhone 6“. Според информациите секој од нив може да го состави 30 илјади телефони на смена.

Официјални лица од „Foxconn“ признаа дека со воведувањето на роботи компанијата сака да го направи производствениот процес поефикасен. Такво нешто забележа голем пробив во автомобилската индустрија пред повеќе години. Тогаш компаниите драстично ги намалија производствените екипи кои беа заменети од најефикасните јапонски роботи. Ефикасноста е слатката обвивка на горчливата пилула наречена намалување на производствените трошоци, коментираше тогаш „Wired“.

Во претходните години „Apple“ често имаше тешкотии да ја задоволи побарувачката при претставувањето на нови производи во есенската сезона. Според Гу роботите работат поефикасно и дозволуваат помалку грешки и дефекти. Според аналитичарите, главната причина за одлуката е желбата на кинеската компанија да заштеди трошоци и така да го зголеми профитот.

Сега, две години подоцна, во прва фабрика на компанијата доаѓа до сериозни намалувања. По тестовите во фабриката во Кеншен ќе бидат отпуштени 60.000 од близу 110.000 вработени. Околу 600 компании во градот со 2,5 милиони жители исто така имаат слични планови според податоци на локалната власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП