3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнува битката за Касилјас

Започнува битката за Касилјас

iker

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас и тренерот Жозе Мурињо веќе извесно време се на „ратна нога“. Случувањата кај „кралевите“ со големо внимание ги следат бројни европски клубови. Тие сакаат на време да реагираат, затоа што според пишувањата на шпанските медиуми заминувањето на чуварот на мрежата од Мадрид е се повеќе реално.

Искусниот голман веќе два месеци е надвор од терените, поради тоа што го скрши прстот, а прашање е дали воопшто ќе се врати до крајот на сезоната и покрај тоа што се опорави од повредата. Мурињо пред неколку дена изјави дека е многу задоволен од Диего Лопез и дека тешко ќе го тргне од голот.

Европските фудбалски гиганти веќе стојат во ред за чуварот на мрежата и го чекаат стартот на лицитацијата, се со цел  во своите редови да го доведат еден од најдобрите голмани во светот. Арсен Венгер засега е најсериозен во таа намера, а најверојатно за 32-годишниот Касилјас подготвил 20 милиони евра.

Исто така треба да се спомене дека Мурињо и Венгер се добри пријатели, често се сретнуваат и се шегуваат на сметка на Фергусон кој исто така е заинтересиран за шпанскиот голман. На „топџиите“ и „ѓаволите“ во плановите може да им се замеша и Ливерпул кој ја истакна кандидатурата за искусниот чувар на мрежата.

Спротивна е ситуацијата за Касилјас во националниот тим на Шпанија, таму селекторот Дел Боске потенцира дека Касилјас е капитенот на „црвената фурија“ и еден од најважните играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП