27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаран го пропушта ЕУРО 2016

Варан го пропушта ЕУРО 2016

varanefrance

Рафаел Варан нема да биде дел од француската репрезентација која ќе се обиде да ја освои титулата на ЕУРО 2016.

Рафаел Варан, на тренингот на Реал минатата недела го повредил бутниот мускул, поради што „кралскиот клуб“ веднаш објави дека тој нема да биде во тимот за финалето во Лигата на шампионите, а во понеделникот и од Фудбалската федерација на Франција потврдија дека дефанзивецот, поради повредата, ќе го пропушти и Европското првенство.

Младиот дефанзивец, заедно со Кошчелни, беше првиот избор на францускиот селектор во последната одбрамбена линија. Местото на Варан во репрезентацијата ќе го пополни дефанзивецот на Севилја, Адил Рами.

Европското првенство во Франција ќе се одржува од 10-ти јуни до 10-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП