24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки ја одбранија титулата

Вардарки ја одбранија титулата

зрк-вардар

Ракометарките на Вардар, на коло до крајот, обезбедија нова титула во првенството на Македонија. „Црвено-црните“, во претпоследното коло го совладаа Металург со 45-24 и ја освоија четвртата шампионската титула во последните четири години.

Натпреварот во Автокоманда не понуди ниту малку возбуда, разликата во квалитет Вардарки ја демонстрираа од стартот на мечот, а победникот практично беше познат по 21.минута кога „црвено-црните“ стекнаа предност од 11 голови (17-6).

Лазовиќ со седум, Пенезиќ со шест, односно Ихнева, Черноиваненко и Радиќевиќ со по пет гола беа најефикасни во редовите на Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП