14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРолан Гарос: Крај за Анжелик Кербер

Ролан Гарос: Крај за Анжелик Кербер

анзелик

Третата тенисерка на ВТА листата, шампионката од Мелбурн, Анжелик Кербер, доживеа шокантна елиминација уште во првото коло на Ролан Гарос.

Германката Кербер, трета носителка на Ролан Гарос, во првото коло загуби од Кики Бертенс со 2:6, 6:3, 3:6.

Бертенс, која на ВТА листата се наоѓа на 58-то место, одигра одличен меч и со неверојатно агресивна игра успеа да забележи една од најголемите победи во својата кариера.

Бертенс во наредното коло ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Ализа Лим и Камила Џорди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП