
Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт преку бараж двомечот изборија опстанок во германската Бундеслига.


Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт преку бараж двомечот изборија опстанок во германската Бундеслига.
Ајнтрахт во реваншот, на теренот на третопласираниот тим од Втората лига, Нинберг, победи со 1-0. Единствениот гол во финишот на мечот го постигна швајцарскиот репрезентативец Харис Сеферовиќ.
Првиот меч, кој се одигра во Франкфурт заврши без победник 1-1.
Наредната сезона, покрај Ајнтрахт во Бундеслигата ќе играат Фрајбург и Лајпциг, додека од елитното друштво испаднаа Штутгарт и Хановер.