23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоронто израмни против Кливленд

Торонто израмни против Кливленд

nba777

Торонто ја израмни финалната серија во Источната конференција на 2-2, откако во четвртиот натпревар славеше над Кливленд со 105:99. Торонто до победата го предводеше тандемот Лаури-Дерозан комбинирајќи 67 поени.

Кошаркарите на Торонто, слично како и на претходниот натпревар, одиграа брилијантно прво полувреме, по кое стекнаа предност од 20 поени, но кавалирси во вториот дел се вратија во мечот, стигнаа на поен негатива, но немаа сили за комплетен пресврт.

Во моментите кога Кливленд ја стаса предноста на противникот, тандемот Лаури-Дерозан од последните 20 кошеви на Торонт постигна 17.

Лаури мечот го заврши со 35, а Дерозан со 32 поени, а уште само Керол со 11 кошеви имаше двоцифрен поентерски учинок кај Торонто.

Леброн Џејмс со 29 поени, девет скокови и шест асистенции беше најефикасен во редовите на Кливленд.

Финалната серија на Истокот се враќа во Кливленд, петтиот меч на програмата е во ноќта меѓу среда и четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП