27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед го отпушти Ван Гал

Манчестер Јунајтед го отпушти Ван Гал

vangalco 98

Она што британскиот сервис BBC, го најави вечерта во саботата, во понеделникот доби потврда, Луј Ван Гал повеќе не е менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Информацијата, дека нешто по 12 часот, Јунајтед му го врачил отказот на Ван Гал, ја пренесе Sky Sport, чиј репортер јави дека Холанѓанецот во клупскиот тренинг центар пристигнал во придружба на својот адвокат Пол Гилрој.

Холандскиот стратег, Ван Гал, на клупата на Манчестер Јунајтед седна по завршувањето на Мундијалот во Бразил, на 16-ти јули 2014 година, потпишувајќи тригодишен договор. Претходно во мај 2014 година Дејвид Мојс доби отказ на функцијата, па до именувањето на Ван Гал тимот на четири натпревари го предводеше Рајан Гигс.

Ван Гал во првата сезона успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, каде не се прослави, бидејќи заврши во групата зад Волфсбург и ПСВ Ајндховен, натпреварите ги продолжи во Лига Европа каде беше елиминиран во осминафиналето од Ливерпул.

Оваа сезона, поради резултатите кои ги постигнуваше тимот, Ван Гал беше под постојан притисок од јавноста и новинарите, а од отказ не го спаси ниту освојувањето на ФА купот, што е прв трофеј за клубот од повлекувањето на легендарниот менаџер Алекс Фергусон.

Холанѓанецот ќе остане запаментен како менаџер кој за две години потроши огрумна сума пари за засилувања, кои на клубот не му ги донесоа посакуваните резултати.

Во ерата на Ван Гал во Манчестер Јунајтед пристигнаа Андер Ерера (29 млн. фунти), Лук Шо (30 млн. фунти), Маркус Рохо (20 млн. фунти), Дејли Блинд (14 млн. фунти), Морган Шнајдерлин (24 млн. фунти) , Матео Дармијан (12,7 млн. фунти), Батијан Швајнштајгер (7 млн. фунти), Ентони Марсијал (36 млн. фунти, но овој договоро со разни клаузули може да достигне и до 58 млн. фунти) и Анхел Ди Марија (59,7 млн. фунти).

Наследникот на Ван Гал, а тоа со голема веројатност ќе биде Жозе Мурињо, ќе биде промовиран во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП