19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНО„ДС Дамат“ ќе ги облекува фудбалските репрезентативци

„ДС Дамат“ ќе ги облекува фудбалските репрезентативци

ds damat 33

Фудбалската федерација на Македонија и реномираната турска компанија „ДС Дамат“ во понеделникот потпишаа договор за меѓусебна соработка. На претставувањето присуствуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски, и претставници на „ДС Дамат“ од Турција предводени од сопственикот на „Орка холдинг“ , Сулејман Оракчоглу.

Обраќајќи се на присутните, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски истакна задоволство од потпишаниот договор и соработката.

„Во деловниот свет во земјата и пошироко значењето на фудбалот е огромно. Кога разговарате со одредени деловни партнери на крајот секогаш фудбалот е темата која поврзува и на која се создава меѓусебната хемија.Среќни сме што потпишавме договор со реномираниот бренд за конфекција Дамат. Бренд кој е познат ширум европа. За многу брзо време најдовме заеднички јазик и ќе се трудиме заеднички ќе го изградиме патот до успехот. Фудбалот е веќе инкорпориран во деловниот свет, треба и тука да создадеме атмосфера во која ќе се прави простор за соработка бидејќи тоа е вредност на секој спорт, а посебно на фудбалот“, рече Ѓорѓиоски.

Фудбалската федерација на Македонија е нова спортска организација со која „ДС Дамат“ е партнер, по романски Динамо Букурешт, Спартак Москва и Трабзонспор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП