2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХасани нема да игра против Азербејџан и Иран

Хасани нема да игра против Азербејџан и Иран

hasani 988

Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, по консултации со лекарските тимови на репрезентацијата и на ФК Шкендија реши да го ослободи Ферхан Хасани од обврските во најдобрата селекција за претстојните два контролни натпревара со Азербејџан и со Иран.

Напаѓачот на Шкендија сé уште е рековалесцент и сево ова е со надеж дека целосно ќе заздрави од повредата, ќе се врати во врвна форма и би дал уште поголем придонес за остварување позитивни резултати на клупски и репрезентативен план.

Македонските фудбалери на 29-ти мај во австриски Швандорф ќе играат против Азербејџан, а на 2-ри јуни, во Скопје, ќе го пречекаат Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП