17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„ЗА НЕД ДО“ освои 51 медал на Светскиот фестивал на боречки вештини

„ЗА НЕД ДО“ освои 51 медал на Светскиот фестивал на боречки вештини

медали-наси-

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ од Битола учеството на десеттиот „Светски фестивал на боречките вештини“, кој се одржа во Сер, Грција, го заврши со 51 освоен медал (22 златни, 25 сребрени, 4 бронзени).

На 10-тиот “Светски фестивал на боречките вештини ” учество зедоа над 30 држави со свои претставници, додека македонскиот тим беше составен од 36 члена од кои 33 јуниори и 3 сениори.

За викенд програмата организаторот понуди прилично обемна и сложена агенда на борби и демонстрации при што често се случуваше да настапуваат истовремено и борци и натпреварувачи од нашиот тим, предизвик повеќе кој требаше да се совлада.

Македонскиот тим се натпреваруваше во борби од контактните спортови и демонстрации на самоодбрана и демонстрации во музички форми со традиционално оружје.

„Јас бев на светското првенство во Атина 2013 година кога и за прв пат ја освоив титулата Светски шампион. Организацијата на овој фестивал во Сер е скоро на исто ниво. Нашите натпреварувачи покажаа завидно ниво на професионалност и квалитет иако во основа добар дел од нив се јуниори. Дотолку повеќе што ние ја искоренивме предрасудата дека овој голем настан ќе се одржи во соседна Грција. Нашите колеги не прифатија прво како другари а потоа и како атракција. Во ниту еден момент не се почустувавме како туѓинци. Иако мислам дека толку многу интонирање на Македонската химна ретко кога ако и воопшто се случило во историјата на Македонскиот спорт. Сега сите ја знаат таа нумера. Се враќаме задоволни за постигнатиот успех. Но тука не престануваме . Октомври ни е Светкото првенство за 2016 година и мора да започнеме со подготовките за него. Ние не мируваме”, изјави Дијана Неделковска, главен тренер на македонскиот тим и триктатен светски првак во екстремна самообдрана.

На десеттиот  „Светски фестивал на боречките вештини“ учество зедоа над 30 држави со свои претставници, додека македонскиот тим беше составен од 36 члена од кои 33 јуниори и тројца сениори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП