5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот декласиран во Оклахома

Шампионот декласиран во Оклахома

tunder 33333

Оклахома поведе со 2-1 против Голден Стејт во финалната серија во Западната конференција, откако во третиот меч ги декласира актуелните шампиони со 133-105. Оклахома има предност над противникот бидејќи и четвртиот меч ќе го одигра пред своите навивачи, тој натпревар на програмата е во вторник.

Оклахома не само што го декласира најдобриот тим во НБА лигата, во третиот меч, туку и го израмни плејоф рекордот според бројот на постигнати кошеви.

Оклахома предводена од Кевин Дурент (33 поени) и Расел Вестбрук (30 поени, 12 асистенции, 8 скокови), доминираше во сите сегменти на играта, имаше 14 скокови повеќе од противникот, а во еден момент имаше предност од 41 поен.

Покрај двете ѕвезди, уште четворица играчи на Оклахома постигнаа двоцифрен број на поени: Ибака 14, Роберсон и Вектерс по 13 и Кантер 10 поени.

„Го добивме она што го заслуживме“, кусо прокоментирал МВП-то на сезоната Стеф Кари кој постигна 24 поени (7/17 од поле). Покрај него двоцифрен беше уште само Клеј Томпсон, кој постигна 18 поени.

„Минатата година во плејофот губевме 1-2 од Мемфис и Кливленд, во тие серии, во третите натпревари бевме катастрофално поразени, но на крајот ние ги добивме тие серии“, рекол Стив Кер, тренерот на Голден Стејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП