10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона го освои Купот на Кралот (видео)

Барселона го освои Купот на Кралот (видео)

барселона6666

Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на Кралот и ја комплетираа двојната круна во Шпанија. Барселона во финалниот меч славеше над Севилја, по продолженијата, со 2:0. Каталонците ја освоија 28-та титула во Купот, односно го освоија јубилејниот 80-ти трофеј во клупската историја.

Финалето во Купот на Кралот се одигра на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, а Барселона до победата стигна со головите на Жорди Алба во 96-та и Нејмар во 122-та минута од натпреварот. Асиситент за двата гола на Барселона беше Меси.

Севилја, која изминатата среда ја освои Лига Европа, немаше сили да им се спротивстави на Каталонците иако речиси еден час играше со фудбалер повеќе.

Хавиер Маскерано доби црвен картон во 36-та минута, откако како последен човек во одбраната го фаулираше Гамеиро. Барселона во 57-та минута остана и без Луис Суарез, кој поради повреда го напушти натпреварот.

Силите на теренот беа израмнети во 92-та минута кога Банега доби директен црвен картон. Во самиот финиш во 120-та минута Карисо најпрвин доби жол, а потоа поради приговор уште еден па Севилја мечот го заврши со играч помалку од противникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП