18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХокеј: Канада ја одбрани светската титула

Хокеј: Канада ја одбрани светската титула

хокеј-мокеј

Хокеарите на Канада ја одбранија титулата на Светското првенство, кое во неделата заврши во Русија. Канада до 26-та титула светски првак дојде со триумфот над Финска од 2-0.

Канадските хокеари доминираа во финалето, упатија 33 удари кон противничкиот гол, а до победата дојдоа со головите на Мекдејвид во 12-та минута и Душен во последната секунда од мечот, кога Финците играа без голман.

Канада со победата во финалето им се реваншираа на Финците за поразот 4-0 во првата фаза на светското првенство.

Бронзениот медал и припадна на селекцијата на Русија, која во „малото финале“ ги декласира САД со 7-2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП