12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија без Дзагоев на ЕУРО 2016

Русија без Дзагоев на ЕУРО 2016

дзагоев

Рускиот репрезентативец Алан Дзагоев поради повреда нема да биде во составот на репрезентацијата која ќе се натпреварува на Европското првенство.

Дзагоев (25), се повреди на мечот во Казањ, во последното коло во националниот шампионат. Играчот од средниот ред го постигна едниствениот гол на тој натпревар и му овозможи на својот тим ЦСКА да ја одбрани шампионската титула.

Деталните прегледи покажале дека Дзгоев се здобил со фрактура на коска во стапалото.

Рускиот селектор Леонид Слутски, веднаш го повика во репрезентацијата фудбалерот на Краснодар Дмитри Торбински.

Инаку, покрај Дзагоев рускиот селектор на ЕУРО 2016 нема да може да смета и на Јури Жирков, Денис Черишев и Олег Кузмин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП