17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаран ќе го пропушти финалето во ЛШ

Варан ќе го пропушти финалето во ЛШ

варан==

Рафаел Варан поради повреда ќе го пропушти финалниот меч во Лигата на шампионите, потврди неговиот клуб Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец нема да се рехабилитира до мечот со Атлетико, а постои можност тој да го пропушти и Европското првенство кое ќе започне на 10.јуни.

Реал во своето соопштение не прецизира за каква повреда се работи, туку само појасни дека Варан ќе треба да се рехабилитира неколку недели.

Финалниот меч во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Атлетико ќе се одигра на 28.мај во Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП