17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико го обезбеди потписот на Гаитан

Атлетико го обезбеди потписот на Гаитан

1463780644_805180_1463782774_noticia_normal

Атлетико Мадрид, финалистот во Лигата на шампионите, го обезбеди првото засилување за наредната сезона. Нов член на „јорганџиите“, ќе стане Аргентинецот Нико Гаитан.

Бенфика, во петокот, го освои трофејот во Купот на Португалија, во финалето беше совладан Маритимо со 6:2. Финлниот натпревар беше последен за Нико Гаитан во дресот на лисабонските „орли“.

Гаитан шест годни беше играч на Бенфика, а во изминатите две години тој беше трансфер цел на неколку врвни тимови, пред сите на Манчестер Јунајтед. Сепак играчот кој има одиграно 12 натпревари за репрезентацијата на Аргентина решил да ја прифати понудата на Атлетико.

Цената на трансферот изнесува 25 милиони евра, а Гаитан ќе биде претставен во клубот по одигрувањето на финалето во ЛШ на 28.мај, каде Атлетико за пехарот ќе се бори против Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП