Доскорешниот напаѓач на Хофенхајм, Кевин Фоланд, од наредната сезона ќе го носи дресот на Баер Леверкузен. Фоланд потпишал петгодишен договор, а трансферот изнесува 15 милиони евра.
„Морав да ја искористам оваа шанса и да заиграм во врвна екипа која ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите. Баер е идеален тим за мене, тим каде ќе можам дополнително да напредувам“, рекол 23-годишниот напаѓач за клупската интернет страница.
Фоланд за Хофенхајм одиграл 143 натпревари, постигнал 36 голови. тој ги минал сите репрезентативни селекции на Германија, а за А репрезентацијата има одиграно шест натпревари.