18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРолан Гарос: Можно полуфинале Ѓоковиќ-Надал

Ролан Гарос: Можно полуфинале Ѓоковиќ-Надал

ролан-гарос

Првиот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, и деветкратниот победник на овој грен слем, Рафа Надал, се наоѓаат во истата половина на костурот, што значи дека можат да се сретнат во полуфиналето. На другата страна од костурот проектирано полуфинале е Енди Мари и Стан Вавринка, кој во Париз ја брани титулата.

Новак Ѓоковиќ, кој минатата година играше во финалето, за противник во првото коло ќе го има Јен-Хсун Лу, а можен противник во четвртфиналето му е Чехот Томаш Бердих.

До потенцијалниот меч со Бердих, Ѓоковиќ ќе мора да го пресконе Лу, потоа еден од двајца квалификанти, а потоа веројатно Федерико Делбонис или Роберто Баутиста-Агут.

Покрај Бердих, можни противници на српскиот тенисер се Давид Ферер, Пабло Јуевас и Фелисијано Лопез.

Рафа Надал во Париз е поставен за четврти носител, откако Роџер Федерер го откажа настапот на Ролан Гарос.

Шпанецот, кој е деветкратен шампион на Ролан Гарос, во првото коло ќе игра против Сем Грот, а веќе во третото коло можен противник му е Фабио Фоњини од кого изминатите години доживеа неколку порази.

Делот од костурот кој го предводи Надал е полн со имиња кои можат да изненадат на турнирот, почнувајќи од Доминик Тим, Давид Гофан, Жо-Вилфред Цонга кој му е проектиран противник во четвртфиналето.

Втор носител на турнирот е Енди Мари, него во првото коло го очекува квалификант, а првата посеризона задача ќе ја има во третото коло каде најверојатно ќе игра против Иво Карловиќ. Можен противник на Мари во четвртфиналето е Кеи Нишикори.

Четвртиот носител, Стан Вавринка, одбраната на титулата ќе ја започне против незгодниот Лукаш Росол, а од носителите во неговата четвртина од костурот се Жереми Шарди, Жил Симон, Марин Чилиќ, Џек Сок и Лукас Пуј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП