2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас најлошиот голман на Портo во последните 15 години

Касиљас најлошиот голман на Портo во последните 15 години

iker porto 88

Икер Касиљас, легандата на мадридски Реал, кој денеска наполни 35 години, е најлошиот голман на Порто во последните 15 години. Некогаш најдобриот голман во светот, оваа сезона прими 30 голови на 40 одиграни натпревари, а Порто првенството го заврши на третото место.

Икер Касиљас, во изборот на Институтот за спортска историја и статистика, во периодот од 2008 до 2012 година беше прогласуван за најдобар светски голаман, во својата прва и веројатно последна сезона во Порто имал во просек 3,5 одбрани и 1,5 примени голови по натпревар.

„Губевме бодови поради негвоите лоши изданија и во првенството и во Лигата на шампионите. Неговата плата е преголема за клубот, и би можел да замине во Њујорк Сити, кој изрази желба да го донесе. Тоа за сите би било најдоброто решение. Едноставно мора да се каже дека промашивме со неговиот трансфер“, рекол претседателот на Порто, Пинто да Коста.

Касиљас со шпанската репрезентација победи на последните две Европски првенства, а во 2010 година ја освои и светската титула. Селекторот на Шпанија го повика Касиљас на поширокиот список за ЕП во Франција, а за место меѓу стативите ќе се бори со Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед) и Серхио Рико (Севилја).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП