12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонфилс се повлече од Ролан Гарос

Монфилс се повлече од Ролан Гарос

monfils

Францускиот тенисер, Гаел Монфилс, поради грип го откажа настапот на вториот Грен слем турнир во сезоната – Ролан Гарос, објави организаторот.

Монфилс, кој се наоѓа на 14-то место на АТП листата, неколку дена се бори со „силен вирус“ и поради тоа решил да го откаже настапот пред домашната публика. Еден од најатрактивните тенисери на денешницата, во кариерата десет пати настапил на Ролан Гарос, а најдобар резултат му е полуфиналето во 2008 година.

„Жалам поради ова, играњето на Ролан Гарос е можеби најголемата цел во мојата кариера“, порачал Монфилс.

Гаел Монфилс е вториот од носителите кои го откажа учеството на Ролан Гарос, во четвртокот поради повреда на грбот од турнирот се повлече Роџер Федерер.

Вториот Грен слем турнир во сезоната започнува в понеделник, наградниот фонд изнесува 32.017.500 евра, а титулата во машка конкуренција ја брани Стан Вавринка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП