23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер го откажа настапот на Ролан Гарос

Федерер го откажа настапот на Ролан Гарос

feder555

Роџер Федерер го откажа настапот на вториот Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос, кој започнува вo понеделник.

Роџер Федерер, кој во 2009 година го освои Ролан Гарос, оваа сезона има проблеми со повредите, по полуфиналето на Австралија Опен го оперираше менискусот на десното колено, потоа имаше стомачен вирус, а потоа се здоби со повреда на грбот.

Од грен слемот во Мелбурн, тој настапи само на турнирите во Монте Карло и Мадрид, каде беше елиминиран во третото, односно второто коло.

Федерер со неучеството на Ролан Гарсо ќе стави крај на рекордната низа од 65 последователни настапи на Грен слем турнирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП