Моментално најдобрата екипа во светот на Формула 1, Ред Бул, одлучи да го награди својот пилот Себастијан Фетел за контроверзната победа на минатата трка во Малезија.
Трагикомичната ситуација поврзана за втората трка во годинешната сезона продолжува понатаму. Откако Фетел на своја рака одлучи да ја игнорира наредбата на својата екипа за време на трката, за нешто помалку од три недели тие одлучија да го наградат со 955.000 евра, иако во изминатиов период го критикуваа за неговата постапка.
Да потсетиме Фетел на патеката во Малезија не ја послуша наредбата од тимот за да не го претекне клупскиот колега Вебер до крајот на трката, тој тоа го стори и ја запиша првата победа во оваа сезона.
Предвидено е пилотите да ги добијат своите бонуси за пласманот веднаш по трката, но поради специфичната ситуација од Ред Бул одлучија тоа да го одложат.
Оваа вест сигурно добро нема да ја прими второпласираниот на таа трка, а воедно и жртва на ваквата ароганција на Фетел, Марк Вебер, кој навести дека не очекувал дека ова може да се случи.
„ Себастијан сам ја донесе одлуката, па така како и обично ќе помине неказнето“, биле зборовите на Вебер по трката.
Фетерл не само што не беше казнет за неговата постапка, тој дури и е награден!