4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанасков и Георгиевски повторно во тандем на кампот на Кирил Лазаров ...

Манасков и Георгиевски повторно во тандем на кампот на Кирил Лазаров овој јуни во Охрид

EHF EURO 2016 - France vs. Macedonia

Дејан Манасков и Гоце Георгиевски се „убиствен“ тандем за противниците на македонската репрезентација, а на овогодинешниот ракометен камп во Охрид повторно во тандем ќе ги едуцираат нашите учесници кои сакаат да ги следат нивните ракометни стапки.

Манасков минатата година за првпат присуствуваше на кампот на најдобриот македонски спортист и беше одговорен за демонстрирање на своите квалитети и вештини на нашите учесници на крилните позиции. Од она што можеше да се забележи, а и од она што го пренесе за време на кампот, “македонскиот виор“ уживаше барем исто толку, колку и децата кои ги едуцираше. Оваа година е поискусен за еден настан и сигурно ќе има што „да им каже“ на идните македонски врвни ракометари.

Од друга страна Георгиевски, префинет, елегантен и спортски едуциран на врвно ниво,  ќе има можност на учесниците на нашиот камп да пренесе дел од своето знаење.  Мора да се признае дека има што да пренесе.

„Драго ми што партиципирав уште на „првенчето“ на нашиот капитен во Охрид затоа што навистина уживав во дружењето со учесниците на кампот. Ме изненади желбата да прашаат и научат нешто од нас – гостите на кампот. Покрај советите кои можевме да им ги пренесам од моето досегашно искуство, самото присуство и дружење на учесниците на кампот со своите спортски идоли кои до вчера ги гледале на ТВ за нив преставува дополнителна мотивација. Мотивацијата води кон напорно тренирање, без кое не можеш да се релаизираш во врвен ракометар и спортист воопшто.“ – ни „рапортираше“ Деки Манасков кога го поканивме повторно да биде дел од нашиот ракометен проект.

EHF EURO 2016 - France vs. Macedonia

„Од самиот старт го следам овој проект на мојот репрезентативен колега и за разлика од минатата година, каде што од приватни причини не можев да присуствувам, оваа година на мое големо задоволство ќе имам шанса од прва рака да се уверам во убавите зборови кои ги слушнав за првото издание на кампот. Верувам дека оваа година ќе биде уште подобор, а јас ќе дадам се од себе секој учесник си замине побогат со знаење од кампот.“ – на кратко ни го најави своето присуство Гоце Георгиевски, кој го „фативме“ во Барселона на гости кај капитенот Кирил Лазаров.

po

Последните години и двајцата се незаменливи на крилните позиции во македонскиот национален тим, а додека Дејан собираше искуство во германски Вецлар и играше уште едно ¼ финале со Вардар, за Гоце од  минатата година слушаме само убави работи за неговата игра во Франција, играјќи за Тулуз. И двајцата поискусни со интернационално искуство и уште едно големо наптреварување ќе учествуваат во надградбата на огромен број на малди ракометар(к)и на ракометениот камп во Охрид.

Среќни сме што можеме да го најавиме нивното присуство на кампот на капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров, велат од КМГ Спорт.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП