22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаја Сокач заминува од ЖРК Вардар

Маја Сокач заминува од ЖРК Вардар

маја-сокац

Хрватската репрезентативка Маја Сокач по завршувањето на сезоната ќе го напушти ЖРК Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Турција во редовите на шампионот Јенимахал.

Сокач (34) пред три години дојде во Вардар од редовите на Зајечар, таа во кариерата има настапувано и за Сињ, Сплит, Локомотива Загреб, Подравка и Итчако (Шпанија).

За три сезони, минутажата на левата крилна позиција ја делеше со Сираба Дембеле која исто така си заминува од клубот.

Вардар за наредната сезона веќе потпиша договори со две леви крила Словенката Тамара Мавсар и Норвежанката Камила Херем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП