4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот го возврати ударот

Шампионот го возврати ударот

oklags

Кошаркарите на Годен Стејт убедливо славеа над Оклахома со 118:91 во вториот натпревар од финалната серија, во Западната конференција, во НБА лигата.

Натпреварот во „Оракл Арена“, во Оукленд, го реши МВП играчот на сезоната, Стеф Кари во третата четвртина, кога за нецели две минути успеа да постигне неверојатни 15 поени.

Кари натпреварот го заврши со 25 поени (9/15 од поле), а двоцифрен број на поени постигнаа уште Клеј Томпсон 15, Мариз Спејтс 13, Фетис Езили 12, Херисон Барнс 11 и  Дрејмон Грин кој имаше шинок од 10 поени, осум скокови и седум асистенции.

Оклахома ја предводеше Кевин Дурент со 29 поени, од кои само шест постигна во второто полувреме, во кое загуби дури осум топки. Расел Вестбрук оставри двоен ефект од 16 поени и 12 асистенции.

Финалната серија на Западот сега се сели во Оклахома Сити, а третиот меч на програмата е в недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП