21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп: Разочарување, одговорноста е моја

Клоп: Разочарување, одговорноста е моја

клоп-разочару

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјавил дека тој е одговорен за лошата игра на неговиот тим во второто полувреме, во финалето на Лига Европа, кое Ливерпул го загуби од Севилја со 1:3.

Ливерпул играше добро во првото полувреме, но во вториот дел играта на „црвените“ целосно се распадна, Севилја успеа да постигне три гола и да ја освои третата титула во низа во Лига Европа.

„Не бев среќен на почетокот. Постигнавме еден брилијантен гол, а еден ни беше поништен. Предноста од 1:0 најчесто е добра. Првиот гол кој го примивме не беше проблем, но она што подоцна се случи стана проблем. Ја загубивме вербата и бевме нервозни во одбраната. Тоа значи дека не напредувавме на начин на кој очекувавме тоа да се случи“, рекол Клоп.

Германскиот стратег верува дека овој натпревар е искуство кое неговите играчи ќе треба да го искористат во иднина.

„Мораме да го искористиме ова искуство, сигурен сум дека ќе бидеме јаки. Ова е разочарувачко и фрустрирачко искуство. Сега не треба да дозволам играчите да подлегнат на притисокот. Јас сум одговорен за ваквата игра. Никој на стадионот не веруваше, но јас мислев дека можеме да направиме пресврт, но тоа не беше доволно“, дополнил Клоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП