22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја владее со Лига Европа

Севилја владее со Лига Европа

севилја-лива-европа

Фудбалерите на Севилја, со победата над Ливерпул 3:1 (0:1), ја одбранија титулата во Лига Европа. Севилја, на Сент Јакоб стадионот во Базел, ја потврди доминацијата во ова натпреварување освојувајќи ја третата титула во низа во Луга Европа, вкупно петта во ова натпреварување во последната деценија.

Финалниот меч во Базел, донесе две дијаметрално спротивни изданија на тимовите во двете полувремиња. Ливерпул беше подобар во првото полувреме по кое стекна предност од еден гол со брилијантниот гол на Стариџ.

Англискиот репрезентативец, во 35.минута, од левата страна упати удар со надворешниот дел од стапалото и г погоди десниот долен агол од голот на Севилја.

„Црвените“, во финишот на првото полувреме, во 44.минута, имаа шанса да го зголемат водството, но на центаршутот на Клајн не стигнаа да реагираат Стариџ и Фирмино.

Во 40.минута на Ливерпул му беше поништен гол, Ловерен со глава ја погоди мрежата, но пред голот Стариџ беше во недозволена позиција.

Второто полувреме целосно им припадна на игрчите од Андалузија. Пресвртот го најавија уште во првата минута од вториот дел, кога Гамеиро, со гол ја круниса акцијата на Маријано по десната страна.

Екипата на Ливерпул, по примениот гол, целосно падна во играта, Севилај продолжи да доминира, а преку Гамеиро прпушти две шанси да стигне во водство. Најдобриот стрелец на Севилја, најпрвин успеа да им избега на Ловрен и Туре, но направи чекор повеќе и во моментот кога се подоготвуваше да упати удар беше изблокиран, а потоа имаше „мртва шанса“, но лошо ја зафати топакта и биеше директно во Мињоле.

Добрата игра Севилја ја материјализира во 64.минута кога капитенот Коке, по акцијата на Банега и Витоло, од работ на шеснаесетникот со прецизен удар го пооди десниот долен агол од голот на Мињоле, а шест минути подоцна истиот играч, остана сам пред голот на Ливерпул и лесно погоди за 3:1.

До крајот на мечот Ливерпул не успеа да се опорави од шокот, а Севилја рутински ја одржа предноста.

Севилја со титулата во Луга Европа обезбеди директно учество во Лигата на шампионите наредната сезона, додека Ливерпул остана без пласман во европските купови.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го загуби и петтото финале од 2012 година, во три финалиња беше поразен со Борусија Дортмунд, а последните две ги загуби како менаџер на Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП