11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТери уште една година во Челзи

Тери уште една година во Челзи

teri meri

Капитенот на Челзи, Џон Тери, нема да го напушти „Стенфорд Бриџ“, тој денеска потпиша нов едногодишен договор. Одлуката капитенот да остане во клубот била донесена по состанокот кој Тери го имал со новиот тренер Антонио Конте и сопственикот Роман Абрамович.

„Одушевен сум што потпишав нов договор. Сите знаат дека целосно му припаѓам на Челзи. Веќе и се радувам на наредната сезона, во која влегуваме со нов тренер и се надевам дека истата ќе биде успешна. Морам да им се заблагодарам на навивачите и за нивната постојана поддршка. Вие сте најдобрите навивачи во светот“, рече Тери.

Џон Тери е вистинска легенда на Челзи, наредната сезона ќе биде негова 22-ра во клубот, во кој пристигна на 14-годишна возраст.

Тери во кариерата одиграл 703 натпревари за „сините“, што е рекорд на Челзи, а како капитен ја предводел екипата на 570 натпревари.

Дебитирал за првиот тим во 1998-ма година, а со Челзи ги освоил сите трофеи во клупскиот фудбал, има по една титула во Лигата на шампионите и Лига Европа, четири во Премиерлигата, пет во ФА купот и три во Лига купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП