10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски го објави списокот за мечевите со Азербејџан и Иран

Ангеловски го објави списокот за мечевите со Азербејџан и Иран

agel 00

Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалерите на коишто ќе смета на претстојните контролни натпревари против Азербејџан во австриски Швадорф на 29-ти мај и против Иран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 2-ти јуни.

Тој за претстојните контролни натпревари реши значително да ја подмлади репрезентацијата, на списокот од 21 фудбалер се наоѓаат деветмина играчи на селекцијата до 21 година, која игра одлично во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Ангеловски, исто така, повика и тројца дебитанти, а на списокот ги нема искусните Мојсов, Стејпановиќ, Глигоров и Агим Ибраим, додека поради повреда отпадна голманот Митов Нилсон.

„Жал ми е за Агим и за ситуацијата во која се најде. Тој месец и половина не тренира со тимот. Бев во Словенија пред една недела и се видов со Агим, разговаравме, тој не тренира со екипата, надвор е од натпреварувачка форма“, рече селекторот.

Списокот на Ангеловски за мечевите со Азербејџан и Иран:

Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Игор Алексовски (Македонија ЃП).

Одбрана: Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Кире Ристески (Вашаш, Унгарија), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Ванче Шиков (Австрија В., Австрија), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлероа, Белгија), Егзон Бејтулаи (Шкендија).

Среден ред: Дејан Пешевски (Подбрезова, Словачка), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бобан Николов (Вардар), Бојан Најденов (Работнички), Марјан Радески (Шкендија), Давид Бабунски (Црвена Ѕвезда, Србија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Ферхан Хасани (Шкендија).

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК, Кипар), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Илија Несторовски (Интер З., Хрватска).

Првиот собир селекторот го закажа за 23-ти мај, а ден подоцна националниот тим ќе отпатува за Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП