20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја-Ливерпул, борба за трофеј и место во ЛШ

Севилја-Ливерпул, борба за трофеј и место во ЛШ

liv-sev

Севилја и Ливерпул вечерва во Базел ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Победата во финалето на еден од тимовите ќе му обезбеди и директен пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Севилја во Базел може да испише историја во европскиот фудбал, односно да стане првата екипа која трипати во низа победила во Лига Европа, натпреварување кое под името Куп на УЕФА започна во далечната 1971 година.

Шпанскиот претставник во последната деценија е тим кој доминира во ова натпреварување, во Базел, ќе го игра своето петто финале и ќе се обиде да ја освои петтата титула, трета во низа.

Ливерпул, од друга страна, го игра своето прво финале во европските купови по 2007 година, кога во Атина загуби 2:1 од Милан во финалето во Лигата на шампионите.

Севилја е тим без вистинска ѕвезда, а оваа сезона како лидери се издвоија Аргентинецот Евер Банега (27), кој ќе го одигра последниот меч за тимот од Андалузија, откако уште пред два месеца најави дека ќе се пресели во Интер и францускиот напаѓач Кевин Гамеиро стрелец на 28 голови во 50 одиграни натпревари оваа сезона.

„Во фудбалот секогаш е најважно да се пронајде вистинскиот баланс во тимот. Неопходно е играчите да се прилагодат на барањата, а тимот мора да игра агресивно. Сакам кога мојот тим ја диктира играта, кога ја контролира топката, но, исто така, сакам кога го притискаме противникот во ситуација кога поседот на топката е кај него. Во претходните две години успевавме да го спроведеме договореното и поради тоа остваривме добри резултати. Сега е потребно сето тоа да го повотриме и на овој натпревар“, рекол тренерот на Севилја, Унаи Емери.

Слична филозофија има менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој за само осум месеци успеа да ја добие довербата на навивачите и да стекне култен статус. Ливерпул и пред доаѓањето на Клоп имаше добар тим, но на сите им е јасно дека Германецот е тој кој успеа да створи тим, кој со колективна игра оставрува доминација на теренот.

„Кога дојдов во Ливерпул не можев да замислам дека сезоната ќе ја завршиме во Базел. Се гордеам со моите играчи, имаа тежок пат до финалето. Тие го минаа тој тежок пат, ние тренерите им помогнавме во тоа, а сега се исправени пред најважниот меч во сезоната“, рекол Клоп.

Германецот признал дека тој чувствува голем притисок, можеби и поради тоа што не победил во финален меч уште од 2012 година, кога со Борусија славеше 5:2 над Баерн во финалето на германскиот Куп. Од 2012, Клоп играл уште четири финалиња и секогаш бил поразен.

Финалниот меч на стадионот Сент Јакоб Парк, во Базел, ќе започне во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП