Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со победа ја завршија сезоната во Премиерлигата. Јунајтед, во последниот меч оваа сезона го совладаа Борнмут со 3:1 (1:0) и го освоија петтото место во Премиерлигата.
Манчестер Јунајтед и Борнмут свој меч требаше да го одиграат во неделата, но тој беше одложен откако во еден од тоалетите на стадионот во Манчестер беше пронајден „сомнителен пакет“.
Јунајтед славеше со 3:1 со головите на Руни, Рашфорд и Ешли Јанг, а за гостите автогол постигна Смолинг. Руни со постигнатиот гол дојде до 100-от гол на „Олд Трафорд“, а на вечната листа само Боби Чарлотн е пред него.
Јунајтед, сезоната ја заврши со 66 бодови и го прескокна Саутемптон на петтотот место. Тимот на Ван Гал има ист број на бодови како и градскиот ривал Сити, кој поради подобрата гол разлика ќе игра во квалификациите во Лигата на шампионите.
Инаку, Манчестер Јунајтед викендов против Кристал Палас ќе игра во финалето на ФА купот, а доколку го освои тогаш и Вест Хем ќе игра во Лига Европа. Инаку, Манчестер Јунајтед нема освоено трофеј уште од 2013 година.