19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХал избори финале на Вембли

Хал избори финале на Вембли

hal-siti

Хал Сити го елиминира Дерби Каунти и избори натпревар со Шефилд Венздеј за пласман во Премиерлигата на Англија.

Хал полуфиналниот двомеч со Дерби Каунти го доби со вкупен резултат 3:2. Првиот меч на гостински терен Хал го доби со 3:0, но малку недостигаше пред своите навивачи таа предност да ја испушти.

Во реваншот Дерби до 36.минута постигна два гола, преку Расел и Робертсон (автогол), но до крајот имако имаше неколку добри шанси не успеа да постигне уште еден гол и да избори продолженија.

Претходно Шефилд Венздеј, двомечот со фаворизираниот Брајтон го доби со 3:1.

Клубовите од Јоркшир во финалето ќе се сретнат на 28.мај на Вембли. Хал и Шефилд Венздеј во финалниот меч ќе се борат и за најголемата награда во фудбалот, пласманот во Премиерлигата вреди неверојатни 170 милиони фунти (215 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП