22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГел-маска за порцелански тен: Избелете ја кожата и отстранете ги дамките

Гел-маска за порцелански тен: Избелете ја кожата и отстранете ги дамките

face-white-mask

Ќе се ослободите од пигментациските дамки, а вашата кожа ќе добие нежна, порцеланска нијанса…

Убавата, светла и блескава кожа е сон за секоја жена. Но, многумина мислат и дека е недостижен, особено поради пигментациските дамки.

Доколку ве измачува овој проблем, не брзајте со купување на скапи креми за избелување на кожата, туку наместо тоа пробајте ја оваа одлична гел маска од домашната работилница.

За да ја направите, ќе ви бидат потребни само три едноставни состојки, а може да ја употребувате како за лицето, така и за останатите проблематични делови на кожата, вклучувајќи ги и рацете и нозете.

Со текот на времето, со редовна употреба, ќе се ослободите од пигментациските дамки, а вашата кожа ќе добие нежна порцеланска нијанса.

Состојки: 1 лажица мед, 1 лажица јогурт или павлака, 1 мала лажичка сок од лимон.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки така да добиете хомогена смеса.

Примена: Нанесете ја маската на проблематичните делови и оставете ја да делува 15 до 20 минути. После тоа исплакнете со вода.

Овој третман се препорачува во вечерните часови, пред спиење, бидејќи после отстранувањето на маската може да се јави благо црвенило на кожата. Маската употребувајте ја максимално два до три пати неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП