27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев меѓу петте најлоши засилувања во Серија А

Пандев меѓу петте најлоши засилувања во Серија А

gpandev 98

Горан Пандев, кој минатото лето по едногодишната авантура во Галатасарај, реши да се врати во Италија, имаше разочарувачка сезона во дресот на Џенова. Повратникот во македонската репрезентација во Џенова пристигна како големо засилување, но во текот на сезоната немаше никаво влијание врз играта на овој тим.

Влијателната Gazzetta dello Sport, во традиционалниот избор на најдобрите и најлошите, странски, засилувања во Серија А, го смести Пандев на петтото место на листата на најлоши засилувања.

„По Галатасарај, не ја оживеа кариерата во Џенова. Вкупно 825 минути, нула влијание, нула голови“, стои во коментарот на gazzetta.it.

Најлошо засилување во Серија А, според истиот извор, е Един Џеко, а зад него се Луис Адријано, Стеван Јоветиќ и Марио Суарез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП