29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал може да го купи Де Хеа за 50 милиони евра

Реал може да го купи Де Хеа за 50 милиони евра

degea rm 00

Реал Мадрид има рок до 15-ти јуни, да ја искористи клаузулата која во својот договор Давид Де Хеа и да го донесе голманот во Мадрид за сума од 50 милиони евра.

Давид Де Хеа, минатото лето, една минута го делеше од трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, кој не беше реализиран поради административна грешка, односно откако клубовите се договориле, документацијата од Манчестер, испратена по факс, стигнала во Мадрид една минута по завршувањето на преодниот рок.

Минатото лето Реал и Манчестер договорија размена на голманите, Де Хеа во Мадрид, а Кејлор Навас во Манчестер.

Откако му пропадна трансферот, Де Хеа реши да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, но со клаузула во која стои дека доколку до 15-ти јуни 2016-та година реши да се пресели во Реал, тогаш „кралскиот клуб“ ќе мора да плати 50 милиони евра.

Инаку, оваа клаузула важи само за Реал Мадрид, но доколку трансферот не биде реализиран до 15-ти јуни, тогаш Манчестер Јунајтед може да одреди друга цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП