5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрејк на Оклахома во Оукленд

Брејк на Оклахома во Оукленд

окла-оклахо

Кошаркарите на Оклахома ја продолжија победничката низа во плејофот, откако веќе во првиот меч од финалната серија на Западот направија брејк на теренот на Голден Стејт. Оклахома славеше во Оукланд со 108:102 и му го нанесе на Голден Стејт првиот пораз на домашен терен во плејофот.

Расел Вестбрук ја предводеше Оклахома до победата, тој постигна 19 од своите 27 поени во третата четвртина и му помугна на тимот да ја анулира негативата од 14 поени.

Решавачка беше последната четвртина во која Голден Стејт постигна само 14 поени.

Покрај 27-те поени, Вестбрук имаше и 12 асистенции и седум украдени топки. Кевин Дурент забележа 26 поени и 10 скокови, тој ги постигна клучните поени на 30 секунди до крајот на натпреварот.

Одличен натпревр за оклахома одиграа и центрите Стивен Адамс (16 поени, 11 скокови) и Серж Ибака (11 поени, 11 скокови), а двоцифрен беше и Дион Вејтерс со 10 поени.

Во редвоите на Голден Стејт тројца играчи искомбинираа 74 поени: Стеф Кари (26 поени, 10 скокови, 7 асистенции), Клеј Томпсон (25 поени, 9 скокови) и Дрејмонд Грин (23 поени).

Вториот меч од серијата се игра во Оукленд во ноќта помеѓу среда и четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП